Македонија во жолта фаза: Министерството за здравство со препораки до граѓаните!

Сподели со своите пријатели

Според најавата од УХМР, денеска и утре, целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Loading...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозапден правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

Од тие причини Министерството за здравство излезе со неколку препораки до граѓаните, со цел да се заштитат од високите температури.

– Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор;

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна;

– Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;

–  При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

Loading...

– На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.

Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури.

Никола Ивановски

Leave a Reply