Македонија официјално доби покана за членство во НАТО

Сподели со своите пријатели

Лидерите на НАТО формално на самитот во Брисел ја повикаа Македонија да ги отпочне преговорите за членство во Алијансата, со предупредување дека процесот на придружување не може да заврши се додека до крај не се реши прашањето со името.

– Решението на прашањето со името е услов за успешно заклучување на процесот за пристапување, соопшти НАТО.

Повикот фомрлано е упатен во соопштение на самитот во Брисел, во која стои дека Македонија се поканува да биде 30. членка на Северноатлантската алијанса.

Генералниот сектерат на НАТО Јенс Столтенберг упати јасна порака до граѓаните на Македонија дека без промена на името нема да може да се пристапи во алијансата.

 

Loading...

 

На прес конференцијата, тој рече дека е донесена одлука да се започнат пристапни преговори со Скопје и дека кога сите интерни процедури ќе бидат финализирани, а името ќе биде сменето со Уставот и ќе биде применет договорот со Атина, земјата ќе може да стане 30. членка на НАТО.

– На граѓаните е да одлучат. Ова е единствена можност во животот. Или ќе го поддржат договорот и ќе влезат во НАТО или ќе го отфрлат договорот и нема да станат членка, порача Столтенберг.

Поради Македонија и членството во НАТО изби и дипломатски инцидент помеѓу Русија и Грција.

Leave a Reply