Македонија на 135. место од вкупно 142 земји според воената моќ

Сподели со своите пријатели

Според годишниот извештај на „Global Firepower“, во кој се оценува воената сила на секоја земја, Македонија е на 135то место од вкупно 142 земји кои беа земени предвид.

Loading...

Годишниот извештај ги оценува земјите кои се движат од разновидноста на оружје и работна сила на располагање, до географска локација и финансиска моќ, за да се утврди кои нации доминираат во светот во однос на воената моќ.

Во проценката се користат над 50 фактори.

Први на листата се САД, потоа Русија, Кина и Индија, а во првите десет се уште Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Турција и Иран се позиционирани на 13-то и 14-то место, соодветно.

Србија има најголема воена сила во регионот, таа е на 61 место. Оценето е и дека има тенденција на зголемување на воената моќ.

Веднаш зад Србија е Хрватска која е на 62. место и Бугарија на 67. место. Црна Гора е на 132 место и Македонија на 135, додека Воените сили на Албанија се на 115 место.