Македонија ја очекува уште еден топол ден и високи температури

Сподели со своите пријатели

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност најавуаат метеролозите за денес.

Loading...

Попладне во северните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 10 до 18, а дневната од 31 до 37 степени.  УВ = 7

До крајот на неделава продолжува периодот на многу топло време за овој дел од годината, со дневни температури од 31 до 38 степени.

Во недела ќе дува умерен, повремено засилен западен ветер, а од попладнето се очекува да настапи позначителна промена на времето со пад на дневната температура и локален дожд.