Македонија денеска и официјално станува полноправна членка на НАТО

Сподели со своите пријатели

Во Стејт департментот преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон денеска ќе се депонира инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор, со што Македонија официјално станува дел од НАТО.

Loading...

По тој повод министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе има видео „средба“ со амбасадорот Филип Рикер во 16:30 часот, по кој ќе следи соопштение и изјава за медиумите.

Изјава за медиумите ќе има и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска со почеток во 17:00 часот.

Leave a Reply