Македонија денес се разбуди со минус температури

Сподели со своите пријатели

Македонија денес се разбуди со температури под нулата.

Според УХМР, најстудено утринава било во Берово,  каде се измерени -10 Целзиусови степени. Во Маврово -8, во Скопје и Крива Паланка -7, Тетово, Лазарополе, Битола, Демир Капија и Дебар -6, Прилеп, Штип, Струмица, Крушево и Куманово -5, Охрид, Претор и Кавадарци -4, во Виница -3, Виница, Гевгелија -2 и Дојран 1.

Утринава по одделни котлини се уште има појава на слаба магла, а повеќе магла има само во Демир Капија каде што видливоста е намалена на 100 метри.

Според метеоролозите на УХМР, претпладне ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Дневната температура ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени.