Македонија 76та земја во светот на скалата за корупција

Сподели со своите пријатели

Македонија го зазеде 76то месо од вкупно 180 земји на листата за перцепција на корупција изготвена од „Транспаренси интернешенл“.

Loading...

Според извештајот Македонија бележи напредок од два поени или девет позиции во однос на 2022 година.

Според „Транспаренси“, земјава за минатата година има 42 од можни 100 поена на скалата на која 0 поени значи најлош, а 100 поени најдобар можен скор според индексот за перцепција на корупцијата.

Македонија својата позиција ја дели со Молдавија, Унгарија, Куба, Кина, Бахраин, и Тринидад и Тобаго.

Подобро сме рангирани во регионот, ако се земе предвид дека Косово е на 83то место, Албанија на 98то, Србија на 104то, Босна и Херцеговина се на 108. позиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква била улогата на Куманово во обновување на разурнатото Скопје?

Од нашите соседи Бугарија е нешто подобра и е рангирана на 67та позиција, а Грција на 59то место.

Во извештајот како клучни за Македонија се нагласуваат проблемите во правосудството.

Најдобро рангирана според овој извештај е Данска која е прва уште од 2018та година, додека на самото дно е Сомалија.

Loading...