Македонци со велосипед се искачија на наjвисокиот врв во Африка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев станаа првите Македонци кои со велосипед ја искачија највисоката планина во Африка, Килиманџаро во Танзанија.

Loading...

Тие го комплетираа својот предизвик утрово, кога пристигнаа на 5.895 метри високиот врв Ухуру, заедно со планинарите Ирина Дишовска, Кирил Начков и Филип Христов, кои го направија тоа на традиционален начин.

Миновски, Нешкоски и Деревјев ја започнаа својата авантура на 14 февруари од градот Аруша, кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри. Откако вчера стигнале и преспале на надморска височина од 4.700 метри, тие на полноќ по локално време тргнале кон Ухуру, до каде што им требале пет и пол часа.

Ова не е прв подвиг на Миновски. Тој во 2019 година беше дел од македонско-украинската велосипедска експедиција, заедно со Сашо Перовски и Ростислав Палагусинец, од 8 до 24 ноември успешно ја извози турата во должина од 250 километри, на највисокиот превој во светот Торонг Ла, на 5.416 метри надморска височина. Стартот беше од градот Бесисахар, во Непал, кој се наоѓа на 800 метри надморска височина, и се возеше до превојот Торонг Ла, кој се наоѓа на 5.416 метри надморска височина. Лазо, Сашо и Ростислав на ова свое авантуристичко патување видоа 16 врва над 6.000 метри, пишува порталот Република.

 

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *