„Мајн Кампф“ од денес повторно во продажба после 70 години

Сподели со своите пријатели

Според оценките на некои експерти новите дополнувања на верзијата на хитлеровиот антисемитски манифест може да помогне на студентите да се спротивстават на фиреровите фашистички ставови.

Автобиографијата на Адолф Хитлер, „Мајн Кампф“ – „Мојата борба“ повторно е во продажба во Германија, прв пат по 70 години. Книгата била забранета на територијата на државата од крајот на Втората светска војна.

Во Баварија, која имала право на книгата од 1945 година, кога во таа јужна германска покрајна сојузниците дале контрола над нацистичката издавачка куќа, делото на Хитлер не е печатена поради почит кон жртвите на нацизмот.

Меѓутоа, првата на антисемитскиот манифест во кој Хитлер го оправдува Холокаустот, истекла на 1-ви јануари годинава.

Книгата која чини 59 евра, печатена е повторно без оглед на бројните критики на еврејската заедница. Изданието има 2.000 страни, а издавач е Институтот за модерна историја од Минхен.

Содржи критика и анализа на идеологијата на нацистичкиот водач, што историчарите го гледаат како важно историско и едукативно средство.

Хитлер книгата ја напишал кон средината на дваесетитте години, кога поради предавство бил во затвор.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.