Мајмунот Лука го украла мајка бидејќи детето плачело по него

Сподели со своите пријатели

Се расветли случајот на кражба на малиот мајмун Лука од скопската ЗОО, откако сторителот, во случај млада мајка го признала делото, со образложение дека нејзината ќерка многу го сакала. Ваква приказна и раскажала мајката на полицијата откако била откриена кражбата на мајмунчето.

Loading...

Кавадарчанката И.П.А. (26) решила да го украде мајмунот бидејќи ќерка и плачела по него секогаш кога ќе го видела. Таа го повикала пријателот С.Н.(31) да и помогне во кражбата.

Тие дошле во Скопје со алат кој би им послужил да ја пресечат оградата. Откако ја пресекле оградата, го зеле мајмунот, го ставиле во црна вреќа и ја прескокнале оградата од Градината. Таму ги чекало такси кое со нив се упатило кон Кавадарци.

Но, по пријавата на очевидци потрагата по крадците веднаш започнала и полицијата ги запрела пред влезот на Кавадарци. Двајцата кавадарчани ќе одговараат за тешка кражба.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.