Мајмуни избегале од камион што ги превезувал во лабораторија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Пенсилванија трага по најмалку тројца мајмуни кои побегнале откако камионот што превезувал околу 100 животни во лабораторија се превртел на автопатот по судирот.

Loading...

Камион кој превезувал мајмуни се судрил со камион за одлагање смет во петокот попладне во округот Монтре, изјави за медиумите Андреа Пелачик, припадник на државната полиција на Пенсилванија.

 

 

Локалната новинска агенција VNEP јави дека несреќата се случила во близина на градот Денвил.

Камионот бил на пат кон лабораторијата, рече Пелачик, додавајќи дека неколку мајмуни успеале да побегнат.

ВНЕП соопшти дека четири мајмуни се на слобода, а властите користеле хеликоптер во потрага. Не е познато каков вид мајмуни имало во камионот, но полицијата објавила фотографија од еден од нив на дрво.

Loading...

 

 

Температурите во округот Монтре паднаа под нулата во петокот вечерта додека властите трагаа по мајмуните.

Центрите за контрола и превенција на болести и Министерството за здравство на Пенсилванија и дадоа инструкции на полицијата да ја обезбеди целата област, а граѓаните се предупредени да не им приоѓаат на мајмуните бидејќи не се знае дали се заразени.