Мајли почна да го „чисти“ јавниот сектор: Отпуштени се над 5.000 луѓе

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на новиот претседател на Аргентина, Хавиер Мајли, денеска објави дека новата влада ќе отпушти повеќе од 5.000 луѓе – вработени на почетокот на оваа година, пред Мајли да ја преземе функцијата.

Loading...

Отпуштањето на владините службеници е дел од сеопфатниот план кој, според Мајли, има за цел да ја трансформира економијата на Аргентина, пренесува АП.

До крајот на годината се очекува инфлацијата во Аргентина да достигне дури 200 отсто, поради што новиот претседател се обврза да го намали бројот на вработени во јавниот сектор, како и да дозволи приватизација на државните компаниите, со цел да се зголеми извозот и бројот на инвестиции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од 15 декември започнува акцијата за новогодишната кошничка

– Целта е да се започне патот на обновата на нашата земја, да се врати слободата и автономијата на поединците и да се почне со менување на регулативата што го блокираше економскиот раст – рече Милеј.

Минатата година илјадници луѓе протестираа во Буенос Аирес против економските политики што ги најави новоизбраниот претседател.

Потсетуваме, Мајли победи во вториот круг од претседателските избори на 19 ноември годинава.

Инаку, пред неколку дена Аргентинците повторно излегоа на улица, поради мерките за штедење на Мајли.