Мајкрософт отпушта илјада работници

Сподели со своите пријатели

Мајкрософт планира да отпушти околу илјада работници поради послаб раст на приходите од лиценците за оперативниот систем Виндоус, објави американскиот информативен портал Аксиос, повикувајќи се на неименуван извор.

Loading...

Отпуштањата ќе бидат распоредени на повеќе нивоа на компанијата, во различни тимови и делови од светот, дознава Axios.

Изворот цитира изјава на портпаролот на Мајкрософт:

„Како и сите други компании, ние редовно ги анализираме деловните приоритети и соодветно ги спроведуваме структурните прилагодувања. Во наредната година ќе продолжиме да инвестираме во нашиот бизнис и да вработуваме во клучни области за раст“.

Компанијата неодамна отпушти нешто помалку од еден процент од своите вработени, по редовните „структурни прилагодувања“ на почетокот на фискалната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск се заканува дека ќе создаде алтернативен телефон ако Apple и Google го забранат Twitter

И многу други технолошки компании, вклучително Мета платформите, Твитер и Снеп, веќе отпуштија некои работници или ги замрзнаа вработувањата во услови на забавување на растот на глобалната економија поради зголемените каматни стапки, инфлацијата и енергетската криза во Европа, забележува Ројтерс.