Мајката има само 52 килограми, а нејзините бебиња близначки тежат по 10 килограми (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мајка Алексис Лару станала  вирална на „Тикток“ откако ги родила близнаците. При раѓањето, секој тежел по три килограми, но наскоро нивната тежина се зголемила тројно и сега секоја тежи речиси 10 килограми.

Loading...

Значи, неверојатна глетка е кога Алексис, со своите 52 килограми, ги носи двете бебиња во раце.

“Нормално е бебињата со повеќекратна бременост да дојдат на свет со помала тежина при раѓање. Тоа е она што го очекував. Сепак, тие се родени со нормална тежина и од тогаш брзо напредуваат”, вели Алексис, истакнувајќи дека “нејзиниот сопруг не е џиновски “.

 

 

Бебињата сега имаат седум месеци и носат облека што одговара на деца на возраст од 12 до 18 месеци. Просечната тежина на седуммесечно бебе е 7,5 килограми.

Видеата што Алексис ги објавува собираат милиони прегледи. Рекордот е оној во кој ги носи двете бебиња со една рака. Има 48,2 милиони прегледи.

Loading...

„Никој не верува дека тие се мои“, рекла таа.

Алексис тежела 48 килограми пред бременоста и се здебелила 36 килограми за девет месеци.

„Педијатарот не се грижи за нивната големина, тие само растат брзо“, заклучува мајката.

 

https://www.tiktok.com/@themejiafamily_/video/7014194468848946438?is_copy_url=0&is_from_webapp=v1&sender_device=pc&sender_web_id=7018437766186927621