Мајка во лов на диви животни ја води и 4-годишната ќерка: Сите се згрозени од нејзините фотографии (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Џесика од Нов Зеланд оди на лов на диви животни, и не се откажала од ова хоби кога станала мајка, но сега ја носи и својата четиригодишна ќерка Лила на лов.

Loading...

На социјалните мрежи, таа се пофали со патување во дивина со својата ќерка, каде го прославија нејзиниот роденден, што ги згрози сите. Спиеле во шатор, сами подготвувале храна и не заборавиле да понесат пушка, пишува Мирор.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesica Murphy (@hunting_with_jess)

 

Џесика објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, на која девојчето држи два застрелани зајака за опашката, а три опосуми лежат пред неа.

– Се уште барам страчка за овој мал ловец – напиша оваа мајка и предизвика бурни реакции кај луѓето. Некои и рекоа дека не е добар пример за помладите генерации, додека други ја нарекуваа со погрдни имиња.

Loading...

Џесика, сепак, останува решена во намерата Лила да продолжи да лови со неа, а како што наведува, тоа психички ја опушта и го намалува стресот.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesica Murphy (@hunting_with_jess)

 

– Фатеното месо го ставам во фрижидер или го делам со луѓе. Ловот не е само убивање животни. Тоа е начинот на кој го хранам моето семејство, вежбам и се релаксирам – оваа мајка го објаснува својот став.

Таа се заљубила во ловот благодарение на нејзиниот дедо кога имала само четири години.

– Сите водиме одреден начин на живот, а ова е мојот уште од дете. Некои се вегани, некои се вегетаријанци, некои купуваат месо, а јас сакам самата да го фатам – заклучи Џесика.

Loading...

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesica Murphy (@hunting_with_jess)


Leave a Reply