11.09.2019 12:45

Мајка си ги продала штотуку родените близнаци


Новопечена мајка од Кина ги продала своите штотуку родени близнаци за 7.400 фунти за да го исплати долгот на кредитна картичка и да купи нов телефон.

Таа ги продала момчињата на возраст под две недели на две различни семејства кои живеат 700 километри оддалечени од нејзиниот роден град, пренесува LADBible.

loading...

Жената и нејзиниот партнер биле уапсени од полицијата, а бебињата биле предадени на згрижување на нивните баби и дедовци.

Полицијата открила дека со продоила минатиотсептември, а бидејќи биле родени предвреме, тие биле сместени во инкубатор. Нејзиниот партнер, по презимето Ву, не се појавил во болницата, па Ма решила да ги продаде децата на странци.

Кинеските медиуми јавуваат дека таа изјавила дека го сторила тоа затоа што е „без пари и во долгови“ и дека нејзиното семејство не сакало да и помогне бидејќи не одобруваат што забременила пред брак.

Ву, наводно, одговорил само кога дознал дека таа ги продала своите деца за да бара свој дел од заработката и со тоа да ги исплати коцкарските долгови.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments