Мајка и три деца спасени од урнатините 28 часа по земјотресот во Турција

Сподели со своите пријатели

Мајка и три деца беа спасени од урнатините 28 часа по разорниот земјотрес што ја погоди јужна Турција.

Loading...

Како што јави репортерот на Анадолија, мајката на Дона Озкилиќ со децата Абдулкадир, Бејза и Елиф Озкилиќ била спасена од урнатините на зграда во населбата Низип во Газиантеп.

Сите четворица членови на семејството Озкилиќ се повредени и хоспитализирани.

Граѓаните сѐ уште чекаат во близина на уништените објекти, за да дознаат информации за нивните најблиски кои се исчезнати.

Според последните информации, во земјотресите што вчера ги погодија јужните делови на Турција загинале најмалку 2.921 лице, додека најмалку 15.834 се повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Истовремено, во студентските центри и другите објекти во спасувачките операции се згрижени 338.000 лица.

Во моментов на терен се 11.022 спасувачки екипи, а потрагата по преживеани продолжува.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала во понеделник наутро ја погоди јужна Турција.

Loading...

Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарџик во Кахраманмарас, Турција. Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа сериозно погодени од земјотресот.

Земјотресот е почувствуван и во соседна Сирија, а тресењето на земјата е почувствувано и во Ирак, Либан, Египет и други региони.

Потоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Елбистан, исто така во Кахраманмарас, во понеделникот во 13 часот и 24 минути.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека оваа земја ја потресе најголемата катастрофа од земјотресот во Ерзинџан во 1939 година.

Во Турција поради разорните земјотреси е прогласена седумдневна жалост.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.