Магловито време со ниска облачност

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на ноќта и рано утринава е по котлините значително облачно и со магла. На планините и во Гевгелиско ведро.

Loading...

Според синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден по котлините во поголем дел од денот со магла или значителна облачност и тивко, а во останатите делови ќе преовладува сончево време.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.

Утринава најстудено беше во Берово, седум степени под нулата, а најтопло во Струмица, Дојран и Демир Капија, со два степени.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме ниска облачност и магла. Максималната дневна температура ќе достигне 7 степени целзиусови.

Утринава кумановци се разбудија на температура од 0 степени.

Leave a Reply