Маглата приземји дел од авионите на „Александар Велики“ – откажани неколку летови

Сподели со своите пријатели

Аеродромот „Александар Велики“ поради густата магла откажа неколку летови, а дел од нив се пренасочени кон аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Loading...

Две слетувања од полноќ до сега се откажани, а исто толку се и пренасочени кон аеродромот во Охрид. Од оние кои биле закажани за полетување откажани се три, додека четири се пренасочени да полетаат од охридскиот „Св. Апостол Павле“.

Со мало задоцнување полета и авионот за Бергамо, кој беше закажан за 11:45 часот.

letovi-otkazani

Густата магла според податоците на страницата на „ТАВ“ во текот на вчерашниот ден откажани биле пет полетувања и четири слетувања, а два влета биле пренасочени кон Охрид.

Извор:мета.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.