Магичниот остров остана без туристите, сезоната доживеа колапс

Сподели со своите пријатели

На странските туристи нема да им биде дозволено да пристигнат пред крајот на 2020 година заради недоволно подобрување на состојбата со коронавирусот, изјави гувернерот на индонезискиот остров Бали, откажувајќи се од планот за отворање на островот за странци следниот месец.

Loading...

„Ситуацијата во Индонезија не е доволно поволна за да им овозможи на странските туристи да ја посетат Индонезија, вклучително и Бали“, рече гувернерот на островот Вајан Костер во официјалниот документ даден во сабота.

Бали од крајот на јули отвори плажи, храмови и други атракции за индонезиските туристи, а локалните власти најавија дека ќе бидат подготвени повторно да примат странски туристи од 11.09.

Сепак, тој план е одложен поради зголемувањето на бројот на случаи на Ковид-19 во Индонезија и поради ограничувањата за патувања во голем број на земји.

Гувернерот на Бали рече дека е потребна голема грижа и претпазливост пред повторното отворање на островот и дека нема потреба да се брза. Тој не објави нов датум за отворање на островот пред странците.

Џакарта им забрани на странците да влегуваат во Индонезија од почетокот на април.

Повеќе од шест милиони туристи го посетија Бали во 2019 година, но пристигнувањето беше нагло запрено на почетокот на 2020 година поради пандемијата на коронавирус.

Бројни хотели и ресторани мораа да затворат или да го намалат персоналот, а многу островјани се вратија на земјоделска работа откако ги загубија своите работни места во туризмот.

Loading...

Пријавени се околу 4.000 инфекции на коронавирус и 49 смртни случаи во Бали. Најмалку 6.680 луѓе починале во Индонезија и потврдени се 154.000 случаи.

Експертите веруваат дека рамнотежата е многу поголема поради ограничениот број тестови извршени на архипелагот.

Leave a Reply