Мачката виде змија во подрумот и со својата реакција ги изненади сите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Каитлин Хартли на TikTok објавила видео од нејзината мачка Сторм која забележува змија во подрумот која се обидела  да сигнализира што се случува.

Loading...

Кејтлин на почетокот мислела дека мачката само сака да си игра, но кога погледнала во подрумот сфатила што се случува.

“Бев во шок. Не очекував дека ова ќе го видам. Змијата се заглави до прозорецот”, изјави Кејтлин за Додо, додавајќи дека Сторм воопшто не била исплашена, туку ја притиснала шепата на прозорецот за да се спријатели со змијата.

 

 

“Изгледаше како да се обидува да и каже на змијата дека ќе ја спасиме. Мојот сопруг конечно го отвори прозорецот одвнатре и ја зеде змијата и ја стави во кутијата. Ја извади надвор. За среќа, змијата не беше опасна“, рече сопственикот на мачката.

“Сторм е многу љубопитна. Таа е многу разиграна, но и гласна. Претходно ме предупредуаше за други животни што би шетале во нашиот подрум, како зајаци, жаби … Откако ја спасивме змијата, Сторм се врати во подрумот и чекаше да види дали би наишло на нешто друго “, заклучи Кејтлин.

Loading...

„Вашата мачка е многу паметна“, „Ова ми го стопи срцето“, „Каква прекрасна мачка“, рекоа следбениците на Кејтлин во коментарите под објавеното видео.

 

@kittycai15

Storm alerted me to yet another poor creature trapped in our window! Rescuing a snake PT 1. #snake #mystiqueandstorm #rescuingsnake #windowtrap

♬ original sound – KittyCai