Мачката Кина ја изненадила својата сопственичка Моника. Од секојдневните прошетки низ населбата се враќа со необични предмети што ги остава пред вратите на својот дом.
Нејзината сопственичка Моника Висенс вели дека Кина оди на прошетка секое утро и го снабдува своето семејство со сијалици, пикадо, табли и други чудни работи што ги краде од соседите.
Моника објавува видеа од пленот на својата мачка на „ТикТок“.
@songsofmyfelines#catburglar #cat #petsoftiktok #viral #fyp #foryou #pets
Досега има снимено неколку продолженија и секое има илјадници прегледи.
„Се случи да мораме да ги држиме затворени сите врати и прозорци затоа што таа знаеше да се прикраде и со живи суштества. Таа станува секое утро и изгледа како да оди на работа талкајќи низ соседството и крадејќи предмети за да го снабди своето семејство”, објасни Моника за Додо.
@songsofmyfelines#catsoftiktok #cat #GreenScreenScan
„И би сакал мачката да ми ги носи“, „Не би имал ништо против мојата мачка да носи толку корисни предмети“, се само некои од коментарите од луѓе кои со нетрпение ги очекуваат новите подвизи на Кина на ТикТок.
@songsofmyfelinesHere we go again… part 4 #catburglar #kleptocat #cat #cats #thief #comedy #funny #catsoftiktok #catsofinstagram #wyzecam #caughtoncamera #crook #fyp