Украинските истражители открија „соба за мачење“ во Херсон каде што наводно биле приведени десетици мажи, мачени со струја, тепани, а некои од нив биле убиени, пишува Гардијан, чии новинари биле на местото на настанот.
Полицијата извести дека руските војници го зазеле центарот за малолетници во средината на март и го претвориле во затвор за оние кои одбиле да соработуваат или биле обвинети за „партизанска активност“.
Тројца соседи и двајца локални трговци рекоа дека го слушнале првиот крик шест недели откако руските војници ја окупирале зградата.
Очевидци раскажуваат како биле внесени луѓе со кеси на главите и изнесени некои тела.
Микола Ивановиќ, чиј балкон гледа кон дворот на центарот за притвор, рече дека видел две тела фрлени во гаражи зад центарот.
„Ќе излезеа претепани… целосно дезориентирани“, вели Ира, сопственик на киоск пред притворот. Тие влегуваа овде и не бараа насока, а ние им дававме пари за автобусот“.
Видлива лузна
Сведоците рекоа дека никогаш не ги виделе лицата на одговорните во центарот, бидејќи тие носеле капа и биле облечени во црно од глава до пети.
Во август, руски војници влегле во домот на пензионерот Виталиј Сердјук, ги расфрлале работите и пукале во воздух кога соседите протестирале, а потоа го однеле во притвор.
Толку многу го претепале четирите дена додека бил приведен што неговата сопруга Елена рекла дека се плаши да излезе од дома во последните два месеци.
Му кажале дека бил претепан поради неговиот син, војник во украинската армија.
Неговиот син, кој не бил во Херсон за време на неговата окупација, неодамна бил ранет за време на борбите.
Информаторот Зениа Дремо бил погоден во челото на контролниот пункт, оставајќи видлива лузна, бидејќи немал цигари да им даде на војниците.
„Ме претепаа само малку – имав среќа“, рече Дремо, „но моите цимери беа многу тепани“.
Тој рече дека руските војници на неговиот цимер „закачиле електоршокер на неговите тестиси, а друг на неговиот пенис“.
„Потоа ќе седев таму два часа и ќе го слушав како вреска“, рече тој. „До денес лошо спијам ноќе.“
Дремо рече дека гледал луѓе само во ќелијата, но во ќелијата имало осуммина и редовно се менувале.
Тој рече дека слушнал дека има вкупно 23 ќелии, што сугерира дека околу 180 луѓе може да бидат задржани таму во секое време.
„Таму имаше и жени“, рече Дремо. „Имаше најмалку две женски ќелии. Имавме една пријателка Ана, која беше таму. Не ја силуваа, туку ѝ ја избричија главата.
Сурови испрашувања
Еден од оние кои преживеал неколку недели злоставување од страна на руските и проруските сили кои го окупираа Херсон и на кого се заканиле дека ќе му го убијат неговото семејство беше Анатолиј Стоки.
Со недели го држеле врзан во притвор, го тепале и го шокирале со струја. Уринирал крв и ослабел 25 килограми.
„Мислев на самоубиство“, рече тој во интервју за АФП.
Припадник на украинските сили за територијална одбрана, кој наполнил 50 години во притвор, рече дека размислувањето за семејството му давало сила да преживее се.
Стоки првпат бил приведен на 25 април. Русите дошле по него додека тој биил дома со сопругата и тригодишната ќерка.
„Им го дадов моето оружје бидејќи ми се заканија дека ќе го убијат моето семејство“, рече тој.
Русите му ставиле качулка на главата и го однеле во, како што мислел, полициска станица во близина на неговата куќа.
Во ќелијата го врзале за стол, а потоа тројца или четворица мажи, за кои верува дека биле припадници на ФСБ, го испрашале за оружјето пронајдено во неговата куќа, при што добил неколку удари.
„Ме претепаа со палка и ми ставија пиштол или пушка на глава“, рече тој.
Русите потоа му зеле отпечатоци од прсти, му забраниле да го напушти градот и му наредиле да соработува со московските сили. Десет дена подоцна го исфрлиле на улица.
„Кога дојдов дома, бев покриен со модринки“, рече тој.
Тој договорил неговата сопруга и ќерка да го напуштат градот преку контролен пункт во близина на Запорожје, околу 300 километри североисточно од Херсон.
Тој останал, велејќи дека е премногу исплашен да замине. Стоки бил повторно уапсен на 6 јули, бидејќи членовите на граѓанскиот отпор станале поактивни, рече тој.
Тој смета дека вториот пат најверојатно бил заробен од припадници на Министерството за државна безбедност на Народна Република Доњецк, кое рускиот претседател Владимир Путин го анектираше на крајот на септември.
Му кажале дека знаеле дека веќе бил во притвор, но дека не бил уредно испрашуван.
„Ме убиваа со струја“
„Сега ќе ни кажеш се, кого знаеш и каде ти е оружјето“, му рекле.
„Првите пет-шест дена ме тепаа. Не ми дозволуваа да спијам навечер. На секои два часа влегуваа во мојата ќелија и ме тераа да станам и да го кажам своето име“ вели тој.
Тој морашл да седи со лисици на цевката и не можел да лежи. Еден ден го одвеле во друга ќелија на испрашување.
Му ги врзале рацете и нозете, го легнале на подот и му закачиле штипки за алишта на малите прсти.
„Ме зададоа струен удар додека лежев на земја. Твоите мускули се собираат и се во тебе се извртува“, рекол тој.
Украинецот рече дека ретко му бил дозволен пристап до тоалетот и дека морал да користи празни шишиња за да врши нужда.
„Првите две недели уринирав крв. Бубрезите не ми работеа добро“, рече тој.
Тој добивал храна на секои три дена и верува дека во притвор изгубил околу 25 килограми.
Конечно бил пуштен на 20 август, по што поради страв наместо да се врати дома, отишол да живее кај роднините.
Вториот пат го држеле во стара деловна зграда во центарот на Херсон, на чиј влез биле закачени знамињата на Јапонија, САД и Украина.
Новинарите на АФП се обиделе да влезат во четирикатницата, но биле одбиени.
„Истрагата е во тек“, рекол човекот на влезот, без да наведе повеќе.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.