„Маалски прикаски“ утре премиерно во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Книгата „Маалски прикаски (1+2)“ на новинарот и писател Синиша Станковиќ,  утре ќе биде промовирана во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток од 18:30 часот.

Loading...

На средбата читателите ќе имаат можност да се дружат со авторот, а истиот да им ги попише купените примероци книги.

– Средбата со читателите е замислена и како носталгично патување низ старите добри времиња, велат организаторите.

Фрагменти од прикаските ќе читаат актерот Горан Илиќ и авторот, а за музиката „во живо“, се задолжени кавалџиите Марко Младеновски и Ристе Ѓорѓиев и гитаристот Дарко Трајковски

– Ќе има и македонска евергрин музика, муабети и презентација на фотографиите објавени во книгата, чии автори се деветемина познати македонски фоторепортери: Ѓорѓи Личовски, Огнен Теофиловски, Роберт Атанасовски, Боро Грдановски, Томислав Георгиев, Наке Батев, Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ и Маја Златевска, информираат од организацијата на настанот.

Leave a Reply