Луксузни вили од кои светските ѕвезди гледаат да се „откачат“ поради пандемијата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пандемијата на коронавирусот го потресе целиот свет и во текот на последните година дена промени многу животи, вклучително и на многу светски sвезди кои сега се принудени да живеат поинаку од порано.

Loading...

Еден од потезите за кој се одлучија некои од нив е продажба на луксузните вили и имоти, што странските медиуми го објаснуваат со намалување на обемот на работа и заработка.

Еден од последните што го направи овој потег беше актерот Орландо Блум, кој ја продава својата куќа во Беверли Хилс каде што живееше сам за 7,9 милиони долари откако тој и Кети Пери инвестираа 14,2 милиони долари во нивниот нов дом во Монтечито, Калифорнија.

 

 

Неговата поранешна куќа е украсена во минималистички стил и има базен, а се наоѓа на југот на градот популарно наречен „Billionaire’s Row“, така што не треба да чека долго за нов сопственик.

Актерот Том Круз веќе го продаде својот имот од 320 хектари во Колорадо по цена од 39,5 милиони долари, пренесува Форбс.

Loading...

 

 

Во имотот се наоѓала вила со седум спални соби и девет бањи, а Том ги отвори вратите на имотот во јавноста во 2008 година кога таму го интервјуираше познатата Опра Винфри, а во една пригода беше домаќин на новинарите на „Венити фер“.

 

 

Актерот Мет Дејмон исто така ја продава својата резиденција и познатата пацифичка населба Лос Анџелес, за што, според експертите за недвижнини, тој бара 21 милион долари.

Loading...

Тој поседува куќа таму со седум спални соби и десет бањи опкружени со зеленило и всушност е една од најголемите имоти во делот на градот што ѕвездите го обожаваат.

Истата одлука ја донел и нивниот колега Арон Тејлор-Џонсон заедно со неговата сопруга Сем Тејлор-Џонсон, па тие го продаваат својот дом во Холивуд Хилс во Лос Анџелес за 7,4 милиони долари.

 

 

Куќата се простира на 5,5 илјади квадратни метри, има седум спални соби и шест бањи, а има и гаража, градина, базен, студио за вежбање, тераса, куќа од дрво, сауна и апартман за гости.

Пејачката Фејт Хил и нејзиниот сопруг Тим МекГроу го продадоа својот остров на Бахамите со површина од 20 хектари за 35 милиони долари.

 

Loading...

 

На него се наоѓа имотот наречен „L’île d’Anges“, а кога го купиле имал само мала колиба која ја претвориле во вила од 6,5 илјади квадратни метри со четири спални и пет бањи.

 

 

Loading...

Актерката Памела Андерсон, која поседува здание со четири спални и четири бањи, исто така одлучи да ја продаде куќата покрај океанот.

 

 

Живееше во неа повеќе од 20 години и за тоа бара 15 милиони долари, пишува Architectural Digest. Таа се одлучила на потег откако се омажи за својот телохранител Дан Хејхурст со кого сака да живее во Канада на имотот на нејзината баба.

Loading...

Една од последните ssвезди кои успеаја да ја продадат својата вила се сопружниците Жизел Бундхен и Том Брејди. За тоа добија дури 32,5 милиони долари откако се обидуваа да го продадат повеќе од една година.

Leave a Reply