Луковиќ: Повредите на неколку играчи се причина за неуспешниот пласман во Еврокуп

Сподели со своите пријатели

По четвртиот пораз на КК Куманово на натпреварот со финскиот клуб КТП Баскет пред два дена, кумановскиот клуб се врати дома и така ги загуби сите шанси за понатамошен пласман во ФИБА Еврокупот.

Loading...

Тренерот на КК Куманово во изјава за спортскиот портал ЕКИПА дадена денес, вели дека повредите на клучните играчи но и заминувањето на Вукашин Мандиќ од лични причини, било причина за неуспешниот перформанс на кумановци во текот на натпреварувањата во Еврокуп.

Тешко беше да се игра со ограничена ротација поради повредите на неколку кошаркари. Бјелиќ цел месец не можеше да тренира, Американецот Инграм настапуваше повреден на последните натпревари, а Мандиќ реши да си замине поради свои приватни причини. Во една таква ситуација, останавме со шест играчи во ротацијата, а со таков тим не може да се натпреварувате во Европа. Сметам дека дадовме се од себе, ни недостигаше една победа во овие претходни пет кола, за во последната рунда да се бориме со Роса Радом за второто место. Сега најзначајно ќе биде што поскоро да се насочиме кон домашното првенство, каде исто така имавме неколку неочекувани порази. Сепак, поседуваме квалитет за кога ќе се натпреваруваме само во Првата лига, да влеземе во позитивна серија и да сe приближиме до водечките на табелата“ – вели Луковиќ во изјавата за порталот ЕКИПА.

Назад во домашната лига, КК Куманово во сабота на домашен терен го пречекува тимот на Фени Индустри.