Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска најави модернизација на вооружените сили на таа земја поради настаните во Украина.
Loading...
Тој на средбата во Министерството за одбрана за обезбедување воена безбедност рече дека по настаните во Украина се сменети принципите на модернизација на армијата на земјата.
Тој објасни дека во Белорусија учат лекции во врска со развојот и опремувањето на нивните војници врз основа на искуството од „спроведување на руска воена специјална операција во Украина“, пренесува РИА Новости.
Лукашенко оцени дека Минск ќе се соочи со „невиден притисок“.
Loading...
Тој посочи дека вежбите на НАТО во близина на границите на Белорусија може да доведат до можни воени операции во иднина.