Мирот во Украина може да се постигне во рок од неколку дена, само ако тоа искрено го сакаат Европејците, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
– Доколку Европејците искрено го сакаат тоа, можно е да се постигне мир за неколку дена – рече тој на церемонијата на приемот на акредитивните писма на новите амбасадори од повеќе земји.
Лукашенко рече и дека Белорусите никогаш во историјата не нападнале никого и дека така ќе биде и во иднина.
– Белорусите никогаш во својата историја не нападнале никого. Така ќе биде и во иднина. Не бевме извор на опасност за никого. Така ќе биде и понатаму. Секогаш сме биле посветени на мирно решавање на меѓународните проблеми – изјави тој.
Според него, белоруската страна прави се за да го запре крвопролевањето во Украина.
Белорускиот претседател ги коментираше и неодамнешните експлозии на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“.
– Разнесоа гасовод на Балтикот. Наскоро ќе започне епопејата на обвинувања против Русија, дека Русија го разнесе – сопствениот гасовод – за да не испорачува гас во Европа. Кога Европа ќе почне да замрзнува, ќе почнат да им кажуваат на луѓето таму, во Европа, дека Русија е виновна – рече тој.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.