Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека во случај на напад од запад или југ, Белорусија ќе одговори заедно со Русија, дека нема само само Европа да затрепери.
– Во случај некој да не нападне, не можете ни да замислите како можеме да одговориме. Нема да го разгледуваме проблемот со валкана, чиста нуклеарна бомба. Ќе одговориме така што нема само Европа да трепери. Ние не само што ќе реагираме, туку тоа ќе го направиме во соработка со Русија. Тоа е нашата заедничка група на вооружени сили“, рече Лукашенко на маргините на самитот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност во Ереван.
Тој ги коментираше и претпоставките на американските медиуми дека белоруската армија наскоро ќе влезе во Украина.
„Тоа е целосна глупост. Ако се вклучиме во конфликтот со армијата, нема да направиме ништо позитивно, напротив, ќе направиме уште полошо. Тоа не е улогата на Белорусија во тој конфликт“, рече Лукашенко, пренесува Спутник.