Луиза Винтон ќе биде прогласена за почесен граѓанин на Куманово

Сподели со своите пријатели

На денешната седница на Советот на општина Куманово советниците изгласаа одлука, Луиза Винтон, инаку постојан координатор на Обединетите Нации и претставник на УНДП и УНФПА за Република Македонија, да биде прогласена за почесен граѓанин на Куманово.

Loading...

????????????????????????????????????

Како претходница на одлуката следеше жестока расправа по претставувањето на предлогот на Комисијата за доделување награди од страна на претседателот Снежана Захариева. По прашање на предлогот се противеше советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивната советничка коалиција.

Захариева истакна дека предлогот Винтон да биде прогласена за почесен граѓанин на Куманово е затоа што кооридаторот на ООН за Македонија има голем допринос за настаните од 9-ти и 10-ти мај, како и нејзините залагања за алармирање на проблемот со бегалската криза во Обединетите Нации.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски се противеше од причина што поголемиот дел од граѓаните на Куманово не знаат за дејноста на Винтон, а истото го рече и Тони Трајковски, советник од истата група.

Сепак по итна координација на комисијата, беше одлучено и изгласано, Луиза Винтон да стане почесен граѓанин на Куманово, а ќе биде прогласена на Денот на градот на 11 Ноември.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.