Украинскиот претседател Володимир Зеленски стана многу популарен откако започна специјалната операција на руските трупи во Украина.
Тој стана хит, па дури и секс симбол за некои, појавувајќи се на емисиите неизбричен во долната облека.
Чешкиот дизајнер сега ја користи таа популарност продавајќи перници со ликот на Зеленски за да собере пари за Украинците.
– Многу луѓе, главно припадничките на понежниот пол, го гледаат како еден вид секс симбол, па добив идеја да направам перница која ќе изгледа како всушност да е во нивниот кревет – изјави дизајнерот Томас Бринек за Ројтерс..
Г-дин Бринек рече дека неговите ограничени едиции рачно изработени перници веќе привлекле повеќе од 2.000 нарачки и собрале околу 18.900 долари.
Тој рече дека сега планира уште една серија поради големата побарувачка.
Да потсетиме, и компанијата Citizen Brick, која печати сопствени дизајни, произведува повеќе фигури на украинскиот претседател Володимир Зеленски на продажба како дел од добротворната кампања за поддршка на бегалците од Украина.