Луѓето споделуваат страшно видео од бебе во стомак: Изгледа морничаво

Сподели со своите пријатели

За многу идни мајки и татковци, моментот кога за прв пат ќе го видат лицето на своето бебе на екранот и чукањето на неговото срце е нешто што ќе го паметат до крајот на животот. Овие снимки од ултразвук потоа се прикажуваат на роднините, а еден ден на детето да знае како изгледа во стомакот.

Loading...

Меѓутоа, кога би го замениле ултразвукот со магнетна резонанца, прашање е колку родители би имале храброст да погледнат во мониторот, а камоли да ги покажат некому првите слики од бебето. Ако се прашувате зошто, деновиве на интернет кружат многу страшни фотографии, многу нормални појави.

Тие покажуваат како изгледа фетусот на слика со магнетна резонанца, а на многу корисници на Твитер тоа воопшто не им се допаѓа, иако со бебето се е во ред. Посебно застрашувачки е неговото лице и „испакнати“ очи.

– „Сакам да го видам моето бебе“. Не, не сакате – се пошегува некој во коментарите.

Една жена изјави и дека две децении е радиолог и дека магнетната резонанца не се препорачува за трудници.

– Повеќе од 20 години сум радиолог (имам и национален сертификат). Фетусот најчесто е во странична положба и тогаш воопшто не изгледа вака. МНР не се препорачува бидејќи, иако нема зрачење, многу експерти се сомневаат дека магнетите поттикнуваат абортус – објасни таа.

 

Loading...