Луѓето со повисок IQ се среќни со помалку пријатели

Сподели со своите пријатели

Според новото истражување, додека просечниот човек е посреќен со голем пријателски круг, луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат потреба од поблиска околина. Ова ги прави среќни, а многуте луѓе на едно место понекогаш се причина за несреќата.

Loading...

Истражувањето е објавено во “British Journal of Psychology” од психологот Сатоши Каназава и Норман Ли од Универзитетот за менаџмент во Сингапур. Тие биле инспирирани да бараат одговори за тоа како пријателството влијае на квалитетот на живот и дали е одговорно за среќата на човечка индивидуа. И така експертите се разровиле низ купиштата податоци собрани по анкета до 15 илјади луѓе меѓу 18 и 28 години, откривајќи интересни трендови.

 

 

Како за почеток тие кои живеат во градовите биле не така среќни, како жителите на провинциските области. Изгледа тензиите во мегаполисите и големите социјални центри се поголеми.

Понатаму податоците покажале дека луѓето се многу позадоволни од својот живот, кога ќе ги зајакнат социјалните интеракции – се запознаваат со нови истомисленици и создаваат нови контакти.

Психологот Сатоши Каназава се обидува да ги објасни добиените информации од истражувањето со следнава хипотеза. Тој смета дека поврзаноста помеѓу општеството и личната среќа е директно поврзана со размислување на древниот човек кој преживеал со лов и земјоделство, живеејќи во конкретно племе – мала аналогија на современите градови.

Loading...

 

 

„Со зголемувањето на популацијата растат и ситуациите во животот, а со тоа и последиците”, пишува експертот за еволутивна психологија – “Во минатото задоволството од животот е зголемено со зголемувањето на бројот на општеството”, што според Каназава објаснува зошто некои луѓе се чувствуваат сè подобро со растечкиот број на опкружувањето.

Но, постои и уште еден интересен феномен, откриен од страна на истражувачите – луѓето со висок коефициент на интелигенција стануваат незадоволни и несреќни во својот живот, кога поминуваат повеќе време со своите пријатели и кога опкружувањето им расте.

„Ефектот од зголемувањето густината на населението влијае исклучително добро на луѓе со низок коефициент на интелигенција, додека за оние со висок IQ е контраиндицирано”, пишуваат истражувачите. Чудно тука е како поинтелигентните од нас сакаат да се сами, честите пријателски собири ги приспособуваат.

 

Loading...

 

„Објаснувањето на ова истражување е едноставно и не е особено изненадувачко”, пишуваат од The Washington Post – “Оние од нас кои имаат повеќе интелект и капацитет го користат поретко своето време за да се дружат, бидејќи се фокусирани на обврски или работа “.