Луѓето кои живеат до 100 години ги имаат овие заденички особини

Сподели со своите пријатели

Чаша ракија наутро, домашна храна, многу прошетки, малку чоколадо секој ден…. Ова се само дел од одговорите што ги дадоа луѓето кои наполниле сто години кога ги прашале за тајната на нивната долговечност. Сите тие имаа свој посебен „трик“.

Loading...

Се разбира, важен фактор се социо-економско-еколошките услови во нивната средина.

Но, дали нашата личност влијае и на нашата долговечност? Секако. Постојат некои особини поврзани со долговечноста.

 

 

Јапонските научници спровеле големо истражување во кое учествувале 70 луѓе на возраст над 100 години чии когнитивни способности не се нарушени, како и 1.800 луѓе на возраст од 60 до 84 години, за да откријат кои особини ги красат луѓето кои доживуваат старост.

Во тестот, тие ги барале карактеристиките на „големите пет фактори на личноста“ (особини на личноста): совесност, екстравертност, невротичност, удобност и отвореност за искуства.

Loading...

И резултатите ги потврдијленивните претпоставки. Личноста многу влијае на долговечноста

– Совесноста, екстравертноста и отвореноста за нови искуства се атрибути кои почесто се појавуваат кај сто (плус) годишници. Нашата претпоставка по истражувањето е дека комбинацијата на овие особини им помага на луѓето подобро да се справат со стресот, полесно да се прилагодат на новите ситуации, што резултира со подобро здравје – изјавија научници од Јапонија.

 

 

Набргу потоа, слична студија беше спроведена од друг тим јапонски научници. Тие се фокусираа на особини кои го скратуваат животниот век и открија дека луѓето со изразен невротизам имаат многу помала веројатност да искусат 100. пренесува британски Експрес.

Јапонија е земјка на најмногу луѓе кои дожевеале 100 години . Во моментов таму живеат околу 87.000 луѓе, за чија возраст треба да напишете три цифри.