Луѓето кои мудро располагаат со парите никогаш не ги купуваат овие 6 работи

Сподели со своите пријатели

Не мора да бидете богати за да бидете „добри со пари“, затоа што управувањето со парите најмногу зависи од навиките на една личност, а не од приходот што тој го заработува, посочуваат експертите.

Loading...

Луѓето кои знаат со парите секогаш бараат начин да живеат во рамките на своите можности, за да потрошат помалку од потребното, а тие не се милионери, туку луѓе со просечни примања.

Таквите луѓе подигаат заеми помалку – па дури и ако ги подигнат, порано ги враќаат, не одат во минуси, не купуваат работи на милион рати и што е најважно – успеваат да заштедат, пишува Business Insider.

Постојат некои купувачки и потрошувачки навики кои едноставно немаат смисла за луѓето кои знаат со парите, и ова се првите седум работи што нема да ги купат.

  1. Нови автомобили

Луѓето кои имаат цела или дел од заштедената сума за купување автомобил, или можат да имаат дури и  поголема сума на заштеда во банката, обично возат автомобили стари 2-5 години. Зошто?

 

 

Loading...

Реално, не е дека не можат да си го дозволат тоа, но тие се свесни за тоа дека новите автомобили губат 10 проценти од својата вредност во првиот месец по купувањето, а 20 проценти во текот на првата година.

Нема пресметка, освен за лично задоволство од возење нов автомобил, но за финансиските експерти тоа е губење пари.

Оние кои знаат со парите се свесни за тоа дека најдобрата вредност се постигнува со купување на користен автомобил, затоа што можат да заштедат пари и во исто време да возат иста класа.

  1. Не земаат автомобили на лизинг

Иако лизингот сè уште вклучува некои депозити, додека месечните рати може да бидат пониски од кредитот, со лизинг не станувате сопственик на нешто како што би го сториле тоа со заем. Додека лизингот може да изгледа како добар начин да се избегне долг на краток рок, оние што знаат со парите гледаат на тоа поинаку.

 

 

– Ако сте мотивирани од најнискиот долготраен трошок, најголема смисла има да купите автомобил и да го задржите – вели Алан Нана-Синкам за Business Insider. Оние што знаат со пари не се во ситуација кога секогаш сакаат нешто ново или подобро, така што лизингот не е опција за нив.

Loading...
  1. Не купуваат куќа или стан што не можат да си го дозволат

Најдоброто недвижен имот е оној што можете да си го дозволите – посочуваат експертите. Не е неопходно да се пресмета кој е најголемиот кредит што можеме да го вратиме, затоа што секогаш може да има непредвидливи настани – боледување, отпуштање од работа, предвремено пензионирање итн.

 

 

Единствената паметна работа е да издвоите пари за да го отплатите кредито што е можно порано, со цел да ги намалите каматните стапки. Ако има поповолна финансиска состојба, секогаш можете да продадете стар дом и да купите нов што е поскап – но само кога ќе се појават околностите.

  1. Не купувајте работи на картички

Нема ништо лошо во купувањето со картички, сепак потребно е се што плаќаме со картичката, а што можеме, да го купиме во готово.

 

Loading...

 

Имено, ако плаќаме со картичка затоа што ги немаме тие пари, ние всушност се позајмуваме, а таквото однесување води до фактот дека, кога ќе ги вратиме парите за долг, ќе имаме недостаток на пари за работи што не се опција, туку реална обврска – како што се комуналните услуги, горивото и слично. Ова води до злобен круг на долг, на кој постојано се плаќа камата.

Луѓето кои се наоѓаат во финансиски тешкотии велат дека кредитните картички придонеле за нивните проблеми и сметаат дека не се во долгови, иако биле.

  1. Тие не купуваат дизајнерски луксузни производи

Луѓето кои знаат со парите се помалку заинтересирани за брендовите особено кога станува збор за производи за широка потрошувачка, како облека, накит и слично.

 

Loading...

 

Тие повеќе би сакале да дадат повеќе пари за работи што подоцна самите претставуваат вредност и можат да се продаваат – недвижен имот, образование и сл.

  1. Не купуваат неквалитетни работи

Кога ќе одлучите да потрошите пари за безвредни работи, добивате безвредни резултати. Една стара поговорка вели: „Не сум доволно богата за да купам евтини работи“.

 

Loading...

 

Не купувајте што е најевтино, купете што мислите дека е најдобро. Значи, подобро е да купите поскапа, но квалитетна маица на секои четири или пет години од една евтина и лоша секоја година.

Leave a Reply