Луѓето би се откажале и од партнерот, заштедата, водењето љубов… Само да може да патуваат!

Сподели со своите пријатели

Истражувањето, спроведено од една од најпознатите светски платформи за пребарување хотели, покажа дека 81 процент од Американците веруваат дека неможноста за патување е една од најлошите последици од пандемијата на коронавирусот.

Loading...

Анкетата, објавена од Триваго, опфатила повеќе од 2.000 возрасни лица во САД и Велика Британија, а според некои извештаи, дури 1.011 од нив биле Американци.

Во изјавата, компанијата објаснила дека направила истражување за да види како потрошувачите планираат, сонуваат и размислуваат за патувања во тековната година.

 

 

Истражувањата покажале дека Американците се толку очајни што би биле подготвени да се откажат од некои работи, само за да добијат шанса веднаш да излезат на патување, пренесува ЦДМ.

Од анкетираните, 25 проценти од Американците рекле дека ќе се откажат од сите заштеди, а 48 проценти дури и ќе се откажат од работата.

Loading...

Некои испитаници дури биле подготвени да се откажат од своите љубовни врски, а 20 проценти рекле дека ќе ги напуштат своите партнери, додека 38 проценти изјавиле дека би се откажале од водење љубов една година само за да можат да патуваат.

„Јасно е дека патувањата играат голема улога во нашите животи и целокупната среќа“, велат од компанијата што го спроведе истражувањето.

 

 

Всушност, 84 проценти од американските испитаници рекле дека патувањето е клучно за добар живот.

56 проценти од нив додале дека се чувствуваат „возбудени“ кога ќе помислат на своето прво патување по пандемијата.

Исто така, истражувањето покажало дека 72% од американските испитаници планираат да патуваат повеќе од порано, по завршувањето на пандемијата, пишува Фокс Њsуз.

Loading...

Leave a Reply