Додека кај нас, бавчите на ресторани и кафулиња се полупразни и без забава и музика поради спречување на зголемувањето на новите случаи на коронавирусот, во Израел овие денови се одвива живот како короната никогаш да не постоела.
Клучот за успехот, успешно спроведената вакцинација, доведе до релаксирање на заштитните мерки.
Големиот број млади кои разиграно танцуваат во бавчите во барот додека музиката доаѓа од звучниците, насмеани луѓе кои радосно зборуваат и водат нормален живот, се резултат на вакцинирањето на повеќе од четири милиони Израелци кои биле вакцинирани и ревакцинирани со вакцина Фајзер.
Поради ваквата поволна епидемиолошка состојба, Министерството за здравство на оваа земја размислува за укинување на одлуката за носење маски на отворено.
Сепак, ова е само еден чекор кон целта на израелските власти, кои имаат за цел целосна имунизација на сите возрасни жители.
Оние кои сè уште се прашуваат дали сакаат да примат вакцина или не, им се нуди бесплатна храна и пијалок.
Ваквите слики од Израел, најдобро покажуваат колку е важна вакцинацијата и дека е можна победа над коронавирусот.
Како што можеме да видиме, нормален живот е можен, само властите треба да ни ги обезбедат вакцините.