Луда теорија на заговор: Мистериозна планета X ни се приближува, крајот на светот започнува на 21-ви август

Сподели со своите пријатели

Г-дин Меаде се послужил и со неколку пасуси од Библијата за да ја потврди својата необична теорија…

Како што пишува еден теоретичар на заговор, светот би требало да исчезне за неколку недели, пренесува Daily Mail.

Loading...

Христијанскиот нумеролог, Дејвид Меаде, укажува на можноста дека гигантска мистериозна планета “Нибиру” ќе удри во Земјата.

Според неговата бизарна теорија, затемнувањето на сонцето кое се случи вчера е знак дека планетата, која научниците до сега никогаш не ја забележале, се движи кон Земјата и наскоро ќе удри во неа.

Г-дин Меаде се послужил и со неколку пасуси од Библијата за да ја потврди својата необична теорија…

И покрај недостатокот на докази за овој скриен свет, за кој дури и НАСА изјави дека е интернет измама, многу луѓе сепак веруваат дека можеби е точна неговата теорија.

За “Нибиру”, позната и како “Планета Х”, многумина уште од 2003-та година повеќе пати предвидуваа дека токму таа ќе го означи крајот на нашата планета и животот на неа.

Претходно оваа година Меаде тврдеше дека “Нибиру” ќе се судри со Земјата, бидејќи е привлечена од силното гравитационо поле на нашата планета.

После ова ќе се соедини со Сонцето. Исто така нагласил и дека тешко е да се воочи поради аголот под кој ѝ се приближува на Земјата.

Loading...

Сега теоретичарот на заговор го помести датумот за “крајот на светот” и најави дека сепак на 21-ви август ќе започне апокалипсата.

По затемнувањето оваа планета ќе се урне на Земјата и ќе го избрише целиот живот од неа. Тоа според неговите прогнози ќе се случи до 23-ти септември.

(tocka.com.mk)


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.