„Лоши“ совети за вашето здравје кои всушност се сосема корисни

Сподели со своите пријатели

Здравствениот магазин „Health“ објави тврдења кои ги негираат најголемиот дел од стереотипите поврзани со доброто здравје. Лекарите од различни специјалности направија список на традиционално „лоши совети“ кои всушност се покажуваат како корисни во грижата за себе.

Loading...

За голем дел од нив ќе ви биде смешно што всушност се нашле на оваа листа, но време е да ги „заборавите“ сите предрасуди поврзани со нив и да се обидете да ги практикувате.

Како гневот влијае на сонот и здравјето?

 

 

1. Пијте го кафето пред спиење

Во Јапонија била спроведена една студија во која на една група на луѓе им биле дадени 1-2 чаши кафе (200 мг кофеин) и веднаш биле испратени да отспијат 20 минути. Се покажало дека кога се разбудиле, тие биле повнимателни, поконцентрирани и подобро способни да се справат со компјутерските тестови споредено со оние што не пиеле кафе пред спиење.

Зошто ова функционира? Кофеинот започнува да дејствува за 20 минути, „прочистувајќи“ го мозокот од молекулата на аденозин, што го стимулира спиењето и ја потиснува енергијата. Значи, пред кратко спиење, кафето има „двоен ефект“ – и сте дремнале малку и сте ги искористиле ефектите на кофеинот.

Loading...

 

 

Зошто на некои луѓе секогаш им е студено?

2. Не ги четкајте забите после јадење

Ова особено важи ако храната или пијалокот содржат киселини. Агруми, домати, енергетски пијалаци, сода (вклучително и диеталната) ја омекнуваат забната глеѓ. Ако ги исчистите во овој момент, штетните ефекти на киселината само ќе се зголемат, заедно со механичкиот притисок од четката и пастата. Меѓу храната и миењето заби треба да поминат околу 30 минути.

3. Зголемување на телесната тежина

Направете ја разликата меѓу масна маса и мускулна маса. Не е исто кога жена тежи 70 килограми, благодарение на мускулната маса и кога истата тежина доаѓа од масни наслаги. Поради тоа е потребно да се вежба со тренер и да се храните според совети на нутриционист, особено ако сакате да изгубите некој килограм.

 

Loading...

 

На што укажуваат различните видови болки во стомакот?

4. Јадете повеќе

Мислите ли дека ужинката е подобра од нешто поконкретно и калорично? Не, вашиот апетит само ќе се зголеми. Наместо да јадете мали порции јаглехидрати кои даваат само моментален импулс на енергијата, подобро е да јадете протеинска храна која има повеќе калории и маснотии. Ова ќе ви помогне побрзо да ја смирите гладта ​​и да останете сити подолго време.

5. Дали сте уморни? Не пијте енергетски пијалоци!

Тие можат да содржат 5 пати повеќе кофеин од кафе, како и голема количина шеќер (13 лажички по лименка). Ефектот на енергетските пијалоци е краткотраен, но ќе добиете неправилни, раздразливи и забрзани отчукувања на срцето, а тоа навистина не ви е потребно.

 

 

Девет бизарни работи кои вашето тело ги прави, а вие тука ништо не можете

Loading...

6. Кога имате подуеност, пијте вода!

Поради некоја причина, вообичаено се мисли дека водата само ќе го влоши проблемот, но не е така. Ако консумирате многу растителни влакна, тогаш на телото му треба повеќе вода за да работи поефикасно и да може да ги свари и искористи. Влакната се растворливи во вода, па ако пиете доволно, функцијата на дебелото црево ќе се подобри и чувството на подуеност ќе помине. Не дозволувајте да дехидрирате.

7. Изберете обичен газиран пијалак наместо диетален

Во принцип, подобро е да се откажете од сите видови газирани пијалаци, но диеталните, иако чудно звучи, се поштетни од обичните, бидејќи имаат многу повеќе подобрувачи на вкусот, за да нема разлика.

Ефикасни техники за отстранување на лукот од здивот

8. Кога е топло, пијте топли пијалаци

Во некои азиски земји, пиењето топол чај во лето не е само правило, туку тоа е и дел од културата. Кога пиете топол пијалак, вашето тело реагира со потење и со тоа природно ја регулирате температурата на телото. Кога испивате ладен пијалак, телото ви се лади и го „лажете“ дека нема потреба од потење, па затоа и имате чувство како да „вриете“ однатре.

 

Loading...

 

9. Дали сте уморни? Вежбајте

После еден исцрпувачки работен ден, ви изгледа сосема нелогично да отидете во сала за вежбање. Но, не прескокнувајте го тренингот, тој ќе ви помогне да ја избалансирате енергијата.

Дуњата е богата со витамини и помага да го подобрите здравјето

10. За мозокот да работи, пишувајте рачно

Рачно напишаните работи подобро се паметат. За да научите нешто, „преработете“ го ментално, а ракописот е најдобар начин тоа да го пренесете на хартија. Земете пример од студентите, кога тие земаат забелешки од предавањата, веќе запаметиле дел од материјалот.