Лондонскиот музеј враќа 72 артефакти во Нигерија

Сподели со своите пријатели

Лондонскиот музеј Хорниман се согласи да ги врати во Нигерија артефактите земени во 19 век од Кралството Бенин.

Loading...

Сопственоста на 72 предмети ќе биде пренесена на нигериската влада, вклучувајќи 12 месингани чинии, месинган петел и клуч од кралската палата.

Одлуката уследи по барањето за враќање на предметите од нигериската Национална комисија за музеи и споменици во јануари.

Музејот во југоисточен Лондон вели дека се консултирал со посетители, училишта, академици, експерти за наследство и уметници со седиште во Нигерија и Велика Британија.

„Беа земени предвид сите нивни ставови за иднината на предметите од Бенин, заедно со нивното потекло“, објаснуваат од музејот, додавајќи дека е морално и соодветно да се вратат, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранските власти убија 13 сепаратисти во борбите

Во последниве години, политичкиот притисок се зголеми врз европските влади и музеи да ги вратат ограбените артефакти.