Велика Британија е разочарана од барањето на ЕУ Лондон да направи поголеми отстапки за да се постигне трговски договор, но блиску сме до постигнување договор и тоа може да се случи, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб коментирајќи ги заклучоците од самитот на ЕУ за Брегзит.
– Разочарани и изненадени сме од резултатот на Европскиот совет, изјави Раб за Скај њуз.
– Ни кажаа дека Велика Британија во следните денови мора да ги направи сите компромиси, тоа не е правило за преговори, и затоа сме изненадени, но премиерот подоцна денеска ќе каже повеќе детали, додаде тој.
Раб рече дека се блиску до договор.
– Со добра волја од двете страни можеме да стигнеме таму, рече шефот на британската дипломатија.
Лидерите на земјите-членки на ЕУ се согласија да ги продолжат преговорите со Велика Британија во следните недели за да постигнат нов трговски договор, најдоцна до 31 декември.
Јасмина Тасевска