Околу 5.000 машиновозачи во Велика Британија денеска излегоа на штрајк барајќи повисоки плати бидејќи инфлацијата во земјата го достигна највисокото ниво во претходните 40 години, пренесува Ројтерс.
Машиновозачите, организирани од Здружението ASLEF, започнаа 24-часовен штрајк, што е втора голема акција оваа недела во британските железници.
Пред тоа, околу 40.000 членови на синдикатот RMT и TŠ, кои претставуваат половина од вработените во железницата, одржаа голем штрајк во средата.
Штрајкот на машиновозачите се очекува да предизвика проблеми во сообраќајот во текот на викендот, според Network Rail, која управува со британската железничка инфраструктура.
Линиите кон југоисточниот и источниот дел на Англија се откажани, како и линиите што го поврзуваат Лондон со југозападниот, северозападниот дел на Англија и Единбург.
Здружението АСЛЕФ планира да одржи уште еден целодневен штрајк на 13 август.