Лондон ги повика компаниите да се подготват за крај на преодниот период

Сподели со своите пријатели

Властите во Велика Британија ги повикаа компаниите да се подготват за брегзит, само неколку дена пред крајот на преодниот рок што требаше да го олесни излегувањето на државата од Европската унија.

Loading...

Велика Британија и ЕУ во четвртокот постигнаа трговски договор, според кој нема да има тарифи или квоти за пристап до единствениот пазар на ЕУ, но што сепак ќе предизвика нарушувања на трговијата.

– Договорот е постигнат, но со големи промени доаѓаат предизвици и можности, нагласи британскиот министер Мајкл Гоув, додавајќи дека компаниите мора да се прилагодат на излегувањето на Велика Британија од единствениот пазар на ЕУ и царинската унија.

– Постојат практични и процедурални промени на кои треба да бидат подготвени компаниите и граѓаните, а времето за финални подготовки е многу кратко, додаде тој.

Преодниот рок, што завршува на 31 декември, беше договорено постојните трговски врски да се задржат непроменети 21 месец по првично планираниот брегзит на 29 март 2019 година.

Но, тој не беше продолжен по одложувањето на брегзит за 31 јануари 2020 година, а по објавувањето на договорот од 1.000 страници, што беше објавен во целост во саботата, компаниите имаат помалку од една недела да се прилагодат на новите правила.

Златко Шумковски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *