Локалниот совет за превенција ќе ја подобрува безбедносната слика на Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Во отсуство на претставници на Основното јавно обвинителство на Куманово, денес во општината заседаваше локалниот совет за превенција, на која се говореше за моменталната безбедносна ситуација во градот, но и за тоа што може да се направи за да животот на граѓаните биде посигурен и побезбеден.

Loading...

Свое обраќање на денешниот состанок имаше градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски кој изрази жалење за отсутноста на претставници на ОЈО во услови кога градот се уште нема информации за тоа до каде е истрагата за немилите настани од 9 и 10 мај.

Виолета Богдановска, раководител на Отсек за првенција при СВР Куманово, денес информираше за состојбата со мигрантите, со што со измените на Законот за азил, такстите сепак немаат право да ги превезуваат бегалците, и таквиот транспорт ќе се смета како кривично дело ”криумчарење на мигранти”.

Командир на ПС ОН Куманово Антон Витковски на денешниот состанок даде осврт на податоци и состојби од кривични дела и прекршоци за 2015 година.

– Во првото полугодие годинава, регистрирани се вкупно 679 кривични дела кои се гонат по службена должност, односно има намалување од 20,3 проценти во споредба со 2014, кога се забележани  852 кривични дела. Од нив 417 дела или 61 отсто од кривичните дела се расчистени, истакна Витковски.

Тоа што ме загрижува, истакна Максим Димитриевски, фактот што бележиме намалување на стапка на кривични дела, затоа што граѓаните немаат доверба во институциите и не ги пријавуваат, или навистина се бележи намалување.

Loading...

– Ако поминеме на бул. Трета МУБ, ќе видиме узурпирани возила, што исто се однесува и на улицата кај градската џамија. Ден или два по реагирање на полицијата, ситуацијата е повторно иста, што значи дека мора да се спроведат заеднички акции, и да се подобри комуникацајата на релација локална самоуправа – СВР Куманово, со оглед дека комуникацијата не е на задоволително ниво, истакна Димитриевски.

Димитриевски од позиција на претседател на Совет на Општина Куманово истака дека сите иницијативи на Локалниот совет за превенција ќе наидат на силна поддршка од советниците.

По одржаниот состанок, учесниците усвоија неколку заклучоци во правец на подобрување на општата безбедносна слика на градот, при што беше договорено да продолжат соседските патроли, обид за враќање на позорникарската служба, како и продолжување на проектот “Полиција и граѓани заедно“, со можност за воведување ”Отворен ден со граѓаните” на 8 септември, каде кумановчани ќе имаат шанса и одблиску да се запознаат со институциите, како што се МВР, Армија и Општина Куманово.

На денешниот состанок присуствуваше и претставник од ОБСЕ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.