Локални избори во Албанија: Рама прогласи победа во 50 општини

Сподели со своите пријатели

Во Албанија вчера се одржаа локални избори на кои Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, според првичните резултати, победи во три општини каде пребројувањето се вршеше по електронски пат – во Вора, Камза и Елбасан, јавуваат албанските медиуми.

Loading...

Рама прогласи победа на својата партија во 50 општини, додека опозицијата триумфираше во 11 општини, пренесува „Албаниен пост“.

Еден од лидерите на опозициската коалиција Победуваме заедно, поранешниот претседател Саљи Бериша, го обвини премиерот Рама дека користи „бандити за манипулирање со изборниот процес“.

„Рама направи се за да манипулира со резултатот. Кога со насилници ги напаѓате избирачките места, тоа го правите за да го промените исходот. Кога поделивте десетици, да не речам стотици милиони евра… За два дена стотици милиони беа поделени на банди и сето тоа е направено со заштита на полицијата. Што се однесува до службениците кои ги делеле парите, полицијата била рамнодушна“, обвини Бериша Рама, пренесе „Балкан веб“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот

На политичкиот натпревар учествуваа 144 кандидати за градоначалници и 23.762 кандидати за совети на општините.

Право на глас на изборите имаа 3.650.550 гласачи.