Локализиран пожарот во Мургаш, гори на потегот од Довезенце кон Јачинце

Сподели со своите пријатели

Големиот шумски пожар кој беснееше во атарот на селото Мургаш, на ридскиот предел Липец е локализиран, но сѐ уште гори од спротивната страна на потегот од селата Довезенце кон Горно Јачинце.

Информацијата ја потврди командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово, кој рече дека од страна на селото Мургаш пожарот е локализиран нешто пред 12 часот и на терен се мештани кои дежураат во случај повторно да се разгори, додека пожарникарите во овој момент се од другата страна на Липец во селата Довезенце и Горно Јачинце.

 

14 куќи и училиште изгореа во Дренак, пожарот локализиран

 

Инаку пожарот беше изгаснат вчера, но повторно се разгорел во текот на ноќта, па рано утринава во 04:00 часот веднаш на терен е упатена екипа од четворица пожарникари со едно противпожарно возило, велат од Центарот за управување со кризи.

Токму во оваа село се изгорени повеќе куќи, а локалното население се сомнева дека пожарот избувнал поради проблеми со електрична инсталација.

Никола Ивановски

Leave a Reply