Локализиран пожарот во Кокино, но ќе се дежура за ветерот да не го разгори повторно

Сподели со своите пријатели

Доцна попладнево околу 16 часот големиот шумски пожар кој  беше активен на територијата на селото Кокино во општината Старо Нагоричане е делумно ставен под контрола, информираше градоначалничката Жаклина Јовановска, но евентуален ветер би можел да разгори одредени жаришта што тлеат.

Loading...

– Во моментот сите пожари се ставени под контрола, сите екипи се уште дежураат ќе останат тука до доцните вечерни часови, затоа што постои можност ветерот се засилува, постои можност некаде каде што тлее жариште може да се активира повторно, така да до доцните часови ќе останеме сите на терен, но во моментот ќе излеземе во пресрет на другите општини има голем пожар територијата на Старо Нагоричане граничи со Ранковце, таму има еден голем пожар на кој сега ќе обративме внимание да помогнеме и на нив колку е можно повеќе, во моментот се ни е на располагање не ни треба поголема помош, изјави Јовановска за Сител.

Пожарот и утринава беше делумно изгаснат, но се појавија нови жаришта во Кокински дол, непристапен терен за возилата, а пешадијата не можела да интервенира поради густ чад.

Општината побарала да интеревенира хеликоптерот на Армијата на Република Македонија по што пожарот е делумно ставен под контрола.

Никола Ивановски

Leave a Reply