Денес во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекува локален пороен дожд и грмежи, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 8 до 17, а максималните ќе бидат во интервал од 23 до 30 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Куманово и околината денес ќе имаме сонце во претпладневните часови, но попладне ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи и умерен ветер од северозападен правец и температура од 24 степени. Врнежливо ќе биде и во текот на вечерните часови со температура од 12 степени целзиусови.
Во наредните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните ќе има локален пороен дожд и грмежи.
Температурата на воздухот нема да има значителна промена, велат од УХМР.