ЛК на СДСМ Куманово: 25% од населението е иселено од Република Македонија (фото)

Сподели со своите пријатели

Локалниот комитет на СДСМ Куманово, денеска одржа прес конференција, на која реагираа на обвинувањата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ дека Куманово е запуштен и неуреден град за кој никој не води грижа.

Loading...

Портпаролот на ЛК на СДСМ Куманово вели дека тоа е со цел ад се сокрие проблемот со иселување на младите. Тој додаде дека од Република Македонија се иселиле 447.000 лица, или 25% од населението, а тој миграциски процес како што додава Захариев многу се чувствува во општина Куманово.

11998502_10208071597574761_1744161360_n

Во нашата општина посебно се чувствува процесот на миграција на младите луѓе, затоа што нашата влада наместо капитални инвестиции и проекти кои се од важност за сите граѓани, соочени сме со блокади и опструкции. Младите не гледаат никаква перспектива и се повеќе и повеќе излез бараат надвор од границите на Р. Македонија. УМС на ВМРО-ДПМНЕ, треба на граѓаните, на младите да им објасни зошто како подмладок на политичка партија која е на власт скоро една деценија, воопшто не креираше политики за да се спречи иселувањето на младите. Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ слушнaвме уште еден неуспешен обид за оцрнување на градоначалникот Зоран Дамјановски и локалната власт во Куманово.- рече Мартин Захариев на денешната прес конференција.

12026650_10208071601854868_1691887782_n

Тој додаде дека иако централната власт има заборавено на Куманово, сепак во последните пет години, најмалку три пати е чистено речното корито од страна ЈП „Чистота и Зеленило“ и ЈП „Водовод“, а истите претпријатија редовно ги одржуваат градскиот и соколанскиот парк.

12026527_10208071610855093_47450184_n

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ е видливо. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ до сега немаат дадено ниту денар за Куманово – истакна портпаролот на ЛК на СДСМ Куманово.

Loading...


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.