Љубов и по цели 90 години во брак (видео)

Сподели со своите пријатели

Во денешно време е навистина тешко да се пронајде сродна душа и да се основа семејство. Браковит екои се засниваат не траат многу долго, а за причините веќе и не се зборува, статистиката е застрашувачка.

Loading...

Па со оглед на тоа скоро и да звучи неверојатно што во светот постои брачен пар кој својата љубов ја негува цели 90 години.

Маил Карам Чанд и неговата сопруга Картари, кои тврдат дека се најстариот брачен пар во светот прославиле 90 години брак. Тој има 109, а таа 102 години, а во последните некоолку децении живеат во Велика Британија.

Парот се запознал во индија додека се уште биле тинејџери, се венчале пред 90 години, поточно во декември 1925 година.

Ова е посебен ден за нас. Роднините за прославата дојдоа дури од Индија. Луѓето се импресионирани со моит еродители. Секогаш ме прашуваат што јадат и со што ги храниме да бидат толку здрави. Да знам и сам би го јадел тоа. Мојот одговор обично дека работата е во тоа што во последните 20 години им го направивме животот опуштен и без стрес. Луѓето се импресионирани од моите родители. – вели нивниот син Паул Чанд За „Дејли Мејл“.

На прашање на новинарите што е тајната во нивната долговечност, Карам вели дека во се бил умерен.

Јадете и пије што сакате, но умерено. Јас никогаш не сум се воздржвал од уживање во животот. Секогаш јадевме здрава храна. Сакам млеко и свеж јогурт. Знаеме дека благослов е да се биде во брак толку долго, но секако сме спремни и за оној свет кога за тоа ќе ни дојде времето – вели Карам кој дневно пали само по една цигара и тоа секогаш пред вечера, а три до четири пати во неделата пие по чаша виски.

Славеничката Картати рекла дека се е во божји раце и дека навистина имале добар живот. Добро се сложуваат и се фокусирани на своето семејство.

Парот има осум деца, 27 уници и неколку правнуци.